Екипата на Тотенхем синоќа излезе со соопштение во кое даде информација околу состојбата на својот голман Хуго Лорис кој направил операција на левиот лакт и ќе се врати на тренинзите на почетокот од наредната година.
Францускиот голман се повреди на 5 октомври за време на дуелот со Брајтон, кога незгодно падна на гол-линијата. „Операцијата беше неопходна по дополнителните прегледи кои ги направија специјалисти, бидејќи лактот се покажа како нестабилен. Нашиот капитен ќе се врати на тренинзите на почетокот на следната година“, стои во соопштението на Тотенхем.
Во меѓувреме негова замена на голманската позиција ќе биде Пауло Газанига. Веќе во следното коло од Премиер лигата, Тотенхем го очекува домашен натпревар против екипата на Шефилд Јунајтед.