Хумелс: „Нашите шанси остануваат, треба да ја повториме играта и на реваншот“

0

Еден од најискусните во редовите на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс е оптимист по првиот натпревар и верува дека шансите на неговата екипа за пласман во полуфиналето остануваат.

„Нашите шанси остануваат. Ќе беше подобро натпреварот да завршеше 1:1, но како и да е знаеме дека ни требаат голови и победа на реваншот. Вечерва создадовме повеќе шанси од противникот, што беше неочекувано за скоро сите. Ова ни е показател дека можеме да играме против секоја екипа, ако го повториме нашиот учинок и на реваншот, можеме да продолжиме понатаму“, изјави дефанзивецот Матс Хумелс.

И покрај добрата игра на стадионот „Етихад“, Борусија има само една победа на последните 6 натпревари во сите натпреварувања. Германскиот тим ќе се обиде да ја прекине лошата серија со победа против Штутгарт викендов, а потоа следува реваншот со Манчестер Сити.

Share.

Leave A Reply