Шалке се договори со Ајакс за трансфер на 37-годишниот напаѓач Клас-Јан Хунтелар, пренесува „Де Телеграф“.
Според изворот, тимот од Амстердам му дозволил на напаѓачот да се подложи на медицински преглед во Гелзенкирхен. Според извори во Холандија, клубовите во моментов прават меѓусебен договор кој ќе биде ставен на хартија. Хунтелар потекнува од школата на ПСВ Ајндховен. Клас-Јан Хунтелар играше за Шалке од 2010 до 2017 година, постигнувајќи 82 гола на 175 настапи за клубот. Од 2017 година игра за Ајакс, договорот кој го има му важи до летото 2021 година.
Оваа сезона напаѓачот учествуваше на 14 натпревари во сите натпреварувања, а беше автор на седум постигнати голови. И покрај тоа што имаше најава за завршување на кариерата, очигледно сега Хунтелар се предомислил, а сето тоа е за да му помогне на Шалке кој се наоѓа во лоша ситуација.