Листата на клубови кои се заинтересирани за купување на играчот од средниот ред на Реал, Иско продолжува да расте.
Според некои весници, сега и екипата на Баерн (М) е подготвена да наддава за сопственоста на шпанскиот репрезентативец. Германскиот клуб моментално бара замена за тројца фудбалери одеднаш, Френк Рибери, Арјен Робен и Хамес Родригез, па Иско би бил одлична солуција за нивна замена.
Претходно беше објавено дека Јувентус е заинтересиран за услугите на 26-годишниот играч, а исто така сериозен интерес има и кај челниците и менаџерот на Манчестер Сити.