Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави календарот за новата ракометна сезона 2019/20 година. Според истиот, завршницата на сезоната со Ф4 турнирот во Келн потворно ќе се поклопи со одигрувањето на финалето од фудбалската Лига на шампиони.
Петта година по ред ќе дојде до поклопување на завршниот турнир на Лигата на шампионите во ракомет во Келн и финалето на Лигата на шампионите во фудбал. Ракометарите ќе играат за европска титула на 30 и 31 мај 2020 година, а финалето на Лигата на шампионите во фудбал во Истанбул е закажано за 30 мај.