И Нишикори заразен со коронавирусот

0

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори (30), во моментов 31. играч на АТП ранг листата, објави дека е заразен со коронавирус и затоа мораше да го откаже настапот на турнирот Western and Southern Open од серијалот „Мастерс 1000“, што ќе се одржи во Њујорк од 20 до 28 август.

„Имам лоши вести, бев тестиран за КОВИД-19 и резултатот е позитивен и затоа морам да го откажам настапот на турнирот. Се чувствувам добро, имам благи симптоми и сум во изолација“, рече Нишикори, кој живее и тренира на Флорида.

Share.

Leave A Reply