По исфрлањето на Палермо од Серија Б, нашиот голгетер Илија Несторовски е на пат да се пресели во нов тим. Според последните информации од Италија, најнов интересент за нашиот репрезентативец е екипата на Парма.
Спортскиот директор на Парма Кристијано Фаџајано наводно му порачал на голгетерот дека ако е подготвен да си замине, би бил добродојден во Парма.
Покрај Парма, за него има интерес и од Болоња.