И покрај проблемите Игор Стефановски – Иџе освои нови бодови

0

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе и покрај проблемите кои ги имаше со непријатност на втората трка на „Имола“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија, сепак успеа да освои бодови.

Иџе беше на втората позиција и се бореше за подиум, но по еден дуел Аскона беше невнимателен и го истурка од патеката. Стефановски успеа некако да се врати во трката, по влегување во боксот за да го поправи автомобилот, а потоа со одлично возење да освои бодови.

Игор Стефановски ја заврши трката на десеттото место и дојде до нови пет бода. Ова беше последна трка во сезоната на ТЦР-шампионатот во Италија.

Share.

Leave A Reply