И во Италија сакаат до 20% гледачи на стадионите во Серија А

0

Челниците на италијанскиот фудбал разговараат со владата за тоа какви мерки треба да се преземат за можно враќање на навивачите на стадионите во Серија А.

Првенството започнува следниот викенд, а планот е навивачите да можат да присуствуваат на трибините од средината на октомври. Целта е да се полнат стадионите најмногу  20% од нивниот капацитет, практика што ќе се спроведува во Бундеслигата уште од првото коло оваа недела.

Весникот „Ла Република“ откри неколку детали за враќање на навивачите на стадионите во Италија:

– Фановите ќе мора да носат проѕирни маски за да не му прават проблем на системот за препознавање на лицето
– На стадионите ќе се влегува само од пет влеза
– секое лице на стадионот мора да има најмалку 2,2м2 простор
– ако еден навивач има температура над 37,5 степени, тој ќе биде изолиран во посебна просторија, по што ќе биде испратен дома
– зафатеноста на местата за купување на храна и пијалоци не смее да надмине 50% од капацитетот

Share.

Leave A Reply