Европските ракометни првенства за жени од 2024 година ќе бидат организирани со 24, наместо со 16 репрезентации. Одлуката е донесена на состанокот на Извршниот комитет на Европската ракометна федерација во Копенхаген.
Во следниот период ќе бидат направени промени и во квллафикацискиот систем, а ЕХФ ги повикува заинтересираните земји да учестуваат во наддавањето за организација на проширенио шампионат, а најверојатно предност ќе добијат првенствата кои ќе бидат организирани од две или повеќе земји.
Ова практично значи изедначување на ЕП за мажи и жени, откако претходно и машките европски првенства од 2020 година ќе бидат со 24 репрезентации.