Интернационалната атлетска федерација (ИААФ) денеска ги одреди термините во кои ќе може да се обезбедува виза за настап на Летните олимписки игри во Токио 2020. Според информацијата потврдена од ИААФ, за трките на 10.000 метри, маратонот, брзо одење, како и комбинираните дисциплини, квалификациите ќе се одржуваат од 1 јануари 2019 до 29 јуни 2020 година. Тоа е периодот во кој ќе може да се избори олимписка норма.
За другите атлетски дисциплини, периодот на обезбедување олимписка норма ќе бниде од 1 јули 2019 до 29 јуни 2020 година. Квалификациските норми ќе бидат објавени од страна на ИААФ пред крајот на 2019 година.