ИААФ останува на одлуката

0

Меѓународната асоцијација на атлетските федерации ја остави во сила казната за руските атлетичари и тие ќе продолжат да се натпреваруваат само под неутрален знаме. Членството на Руската Федерација во ИААФ беше прекинато во ноември во 2015 година по големиот допинг-скандал.

„Работната група препорача продолжување на казната и советот на IAAF потврди дека елиминацијата на Руската атлетска федерација останува во сила”, изјави шефот на работната група, Руне Андерсен.

Тој потенцира дека одлуката останува на сила бидејќи Русија не ги исполни двата услова – лиценцирање на Руската анти-допинг агенција согласно кодексот на ВАДА, како и признавање на заклучоците од извештајот на комисијата за намерна употреба на допинг во Русија во периодот 2011 – 2015 година.

Share.

Leave A Reply