ИААФ запиша нови рекорди

0

Меѓународната асоцијација на атлетските федерации – (IAAF), ратификува четири светски рекорди кои беа поставени во изминатата и во почетокот на тековнава година. Признато е врвното достигнување на 20 километри кај жените на кенијката, Перес Џепчерчир од 1:01:40 часа регистрирано во ОАЕ на 10 февруари 2017 година (за време на полумаратон.

„IAAF“ го призна и светскиот рекорд во полумаратонот постигнат повторно од Џепчерчир на истото натпреварување.  Светската централа потврди и два светски рекорда во сала. На 17 февруари 2016 година во Стокхолм, Ајанлех Сулејман (Џибути),  го подобри достигнувањето во светот за сите времиња на 1000 метри на Вилсон Кипкетер од 2000 година.

На истото натпреварување Гензебе Дибаба го испрати во историјата светскиот рекорд на една милја на Дојна Мелинте од 2000 година.

Share.

Leave A Reply