Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, проговори за неговото останување кај „росонерите“. Договорот на 39-годишниот напаѓач истекува на 30 јуни и тој е подготвен да го продолжи.
„Јас сум Златан, се чувствувам одговорен како лидер. Милан е единствениот клуб од кој бев воодушевен. Сакам да му дадам нешто“ – вели Ибрахимовиќ.
„Дали ќе останам во Милано и наредната сезона? Ќе видиме. Ако техничкиот директор, Паоло Малдини, го побара тоа, јас сум подготвен“ – прокоментира Ибрахимовиќ