Ибра со негово видување за „Златната топка“

0

Поминаа повеќе денови откако  фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ја освои наградата –„Златна топка“, но, тоа не ги спречува познатите фудбалски ведети и понатаму да реагираат на одлуката.

Последен тоа го направи Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ, кој без влакна на јазикот јасно стави до знаење дека не му се допаѓа тоа што Хрватот го доби признанието кои во последните 10 години беше резервирано или за Меси или за Роналдо.

„Сега знаеме дека Перез беше тој што се натпреваруваше со Меси за „Златната топка“, не Роналдо“  изјави Ибрахимовиќ.

Share.

Leave A Reply