Идејата за големи промени во изгледот на Лигата на шампионите и Лига Европа е одложена. Се ова се очекуваше да се случи во сезоната 2024/25, но сепак е одложено. Во меѓувреме, ќе продолжат дискусиите за тоа какви точно треба да бидат промените, бидејќи не се согласуваат сите клубови за ова.
„Имаме различни погледи за форматот и принципите на евро турнирите. Исто така, имаме проблем со календарот. Во исто време, постои сериозно прифаќање на предлогот за реформа на евро турнирите. Ова се очекува да се случи во текот на сезоната 2024/25. Сите важни одлуки треба да бидат донесени во соработка со клубовите за да се задржат и квалитетни национални првенства “, рече претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
43-годишниот прв човек на Јувентус кој ја предложи идејата за создавање Супер лига наместо досегашната Лига на шампиони, со екипи кој ќе влегуваат и испаѓаат од лигата во моментов ја става во мирување оваа негова идеја. Сепак, оваа опција не беше добро прифатена од повеќето клубови бидејќи ќе се ограничи можноста на помалите тимови да учествуваат во Лигата на шампионите.