Иднината на Тедеско во Шалке под знак прашање

0

Иднината на тренерот на Шалке Доменико Тедеско во германскиот прволигаш станува под сериозно знак прашање по поразот на германскиот тим со 7:0 на гостувањето кај Манчестер Сити.

Новиот спортски директор на оваа екипа Јохан Шнајдер јасно стави до знаење одговарајќи на прашање поврзано со оваа тема. „Ќе ги искористиме следните неколку часа, за да разговараме за ситуацијата. Ќе го објавиме нашето решение утре”, изјави Шнајдер пред медиумите во Германија.

Тој додаде дека не може да гарантира кој ќе биде предводник на тимот во неговиот следен официјален натпревар. 33-годишниот Доменико Тедеско е под сериозно притисоци поради исклучително променливата сезона на тимот од Гелзенкирхен. Шалке е само четири бода над линијата за опстанок во Првата Бундеслига.

„Горд сум што сум тренер на Шалке. Не сум помислил дури на секунда за разрешување, дури и во моментов“, категорично изјави Тедеско. „Сините” ќе играат дома против РБ Лајпциг во сабота во натпревар од домашниот шампионат, а дали Шалке ќе има нов тренер на оваа средба останува да видиме.

Share.

Leave A Reply