Изминатиот викенд на патеката на Водно се одржа 37-от Меѓународен ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за централно-европска зона на ФИА.
Македонскиот најуспешен натпреварувач и европски шампион во таа категорија, Игор Стефановски Иџе, постигна рекорд од 02:02:09. Интересно е тоа што за првпат во историјата на ридско-брзинските трки на Водно, Македонец е сопственик на рекорд.
„Ми беше криво што натпреварувачи од други земји го имаа рекордот на патеката која беше главна за моите почетоци во автомобилскиот спорт. Јас го имав македонскиот рекорд, но, не и севкупниот а патеката. Конечно мисијата е завршена “- вели Иџе.