Иџе нема да се појави на патеката во Италија

0

Нашиот автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, нема да патува за Италија на трката во Муџело во рамките на ТЦР  шампионатот. Поради кризата со корона-вирусот, дел од земјите повторно ги затворија границите за жители на државте  кои не се дел од ЕУ.

Очекувавме дека ќе може да патуваме во Италија. Направивме сè што можевме . Разгледувавме алтернативи, за жал, безуспешно“- напиша Иџе на социјалните мрежи.

„Верувам дека во наредниот период заедно со мојот тим ќе може да бидеме дел од меѓународните тркачки предизвици. Целата енергија и напори ќе ги фокусираме кон ТЦР шампионатите низ Европа“ – стои во текстот на Игор Стефановски-Иџе.

Share.

Leave A Reply