Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи денеска на втората трка на патеката – „Валелунга“ во рамките на ТЦР-шампионатот во Италија
Тој заслужено успеа да го освои првото место иако ден претходно на првата трка беше на седмата позиција. Иџе по пат на социјалните мрежи порача дека победата е за Македонија.
„Ова е победа за вас! Победа за моите луѓе, за мојот тим, за Македонија!“, напиша Иџе.