Иџе со одличен настап до подиум на патеката „Имола“

0

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе имаше одличен настап на  втората трка на легендарната патека „Имола“ и дојде до подиум.

Во втората трка од ТЦР-шампионатот во Италија, Стефановски заврши на третата позиција по интересна трка. Имаше жестоки дуели за секоја позиција, а Игор Стефановски – Иџе и успеа да го задржи местото кое му донесе подиум.

Игор Стефановски успеа да дојде до она што не му успеа вчера, откако немаше среќа и излета од патеката на првата трка. За Иџе ова е втор подиум на патеката „Имола“, по онаа победа во 2016 година. Воедно за него ова се први бодови сезонава, по две пропуштени трки поради затворени граници поради коронавирусот.

Share.

Leave A Reply