Иџе заминува по титула во Чешка

0

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе, викендов ја вози последната трка во ФИА ЕТЦЦ шампионатот на патеката Мост во Чешка. Автомобилскиот ас има огромни шанси за победа и освојување на шампионатот.

„Убеден сум во освојувањето на титулата. Ветувам дека заедно со мојот тим уште еднаш ќе дадеме сè од себе. Патеката Мост е непозната за   мене, но, досега веќе докажав дека можам да ги совладам и непознатите   патеки. Сите мисли ми се фокусирани на мојот последен настап. Во Чешка одам на победа“, вели Иџе пред заминувањето.

Нашиот автомобилист моментно се наоѓа на четвртата позиција со 55 бода, зад Петр Фулин со 63, Шрајбер со 57 и Наѓ со 56 бода. Трките во Чешка се закажани за в недела.

Share.

Leave A Reply