Игор Карачиќ: Настапот на Македонија не ме изненади

0

Хрватска успеа да стартува со победа во втората фаза на ЕП. Победата над Белорусија дојде во една неизвесна завршница во која и Белорусите имаа шанса за реми. Играчот на Вардар, Игор Карачиќ, по мечот задоволен најави дека сега треба да се фокусираат на пресметката со Норвешка.

„Овие два дена беа тешки по поразот од Шведска. Не го очекувавме тој пораз, но тие имаат тим за медал. Не беше лесно да се вратиме на победнички патеки, иако сите го очекувавме овој дуел. Белорусите одиграа одличен ракомет, денеска беа навистина одлични, покажаа дека се во пораст и јас им честитам на моите дечки кои успеаа да го приведат мечот до победа. Покажавме карактер и мислам дека сега за нас сите мисли се на мечот со Норвешка.

На прашање, што мисли за настапите на Македонија, Карачиќ вели:

„Резултатите на Македонија не ме изненадија. Знаев што може Раул, се слушаме со играчите, навивам за нив, ги следам и посакувам голем успех“.

Share.

Leave A Reply