Игор Стефановски Иџе остана без добар пласман во Монца

0

Игор Стефановски Иџе кој е наш најдобар автомобилист немаше многу среќа на денешната трка која се одржана легендарната патека Монца во Италија.

Македонскиот автомобилист одлично ја почна трката и претендираше за висок пласма , но доживеа пех на првата од двете планирани трки. Во моментите кога Игор Стефановски Иџе беше пред самиот крај кога се обиде да стигне до втората позиција, дојде до судир и излета од патеката.

Иџе сепак успеа да се врати на патеката, но загуби многу позиции и на крајот заврши како претпоследен односно 14-ти.

Игор Стефановски Иџе нема многу да чека за поправен испит затоа што веќе утре ќе се вози втората трка во Монца.

Share.

Leave A Reply