Играч на Реал Мадрид ќе паузира неколку недели

0

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид Брахим Дијаз нема да игра некое време за својата екипа, објавија денес од клубот, кој има значително растечки список на повредени играчи.

Реал Мадрид објави дека по извршени тестови во текот не денот откриле повреда на бутниот мускул кај играчот. Сепак, клубот не го прецизираше точното време за враќање на играчот од средниот ред.

Поранешниот играч на Манчестер Сити исто така беше повреден за време на летните подготовки, а моментално надвор од составот се Еден Азар, Марко Асенсио, Родриго и Ферлан Менди.

Share.

Leave A Reply