Кошаркарите на Виртуз Болоња на барање на сопствениците на екипата ќе се вратат во тренинг процес иако последните вести од Италија велат дека се зголемува бројката на починати лица како последица на корона-вирусот.
Веста за враќањето на играчите во салата ја потврди и тренерот Александар Ѓорѓевиќ, кој потенцира дека ќе продолжат со подготовките иако сите натпреварувања се ставени во мирување.
Српскиот стратег вели дека сопствениците на клубот побарале кошаркарите да бидат во форма и дека ќе направат дезинфекција на целиот тренинг-центар.