Играчот на Лил, Пепе, треба да биде замена за Азар

0

Првите луѓе на Челзи се свесни дека Еден Азар може да го напушти тимот во текот на летото и да замине во Реал Мадрид. Белгискиот репрезентативец упорно одбива да го продолжи договорот со Англичаните и постојано изјавува дека сонува да заигра на „Сантијаго Бернабе“.

Се проценува дека неговата трансферна сума ќе биде од 90 до 110 милиони евра што не би требало да претставува проблем за шпанскиот состав кој најавува голем ремонт во текот на летото. Затоа „сините“ од сега го пикирале играчот на Лил, Николас Пепе, кој има блескава сезона во Лига 1.

Тој го држи второто место на листата на стрелците во францускиот шампионат веднаш зад Килијан Мбапе од ПСЖ.

 

Share.

Leave A Reply