Играчот на Монтреал ќе мора во самоизолација

0

Дефанзивецот на Монтреал, Ксавиер Вил, бил позитивен на тест за ковид-19 и затоа ќе мора да оди во карантин,  објави клубот од НХЛ конкуренцијата.

Хокеарот кој набрзо ќе наполни  27 години, изјавил, дека претходно имал негативни тестови и дека не знае на кој начин се заразил со вирусот. Вил кој поради новата ситуација ќе ги прескокне воведните подготовки на тимот, во тековнава сезона на 12 натпревари има направено 2 асистенции.

Според најавата, неговиот тим на продолжението на сезоната ќе игра со Питсбург на 1 август. Ксавиер во неговата професионална кариера има постигнато 5 голови и направено 23 асистенции на 172 натпревари. Тој во еден период го носеше дресот на Детроит.

Share.

Leave A Reply