Играчот на „Воините“ не губи надеж

0

Кошаркарот, Стеф Кари, кој ја скрши раката на дуелот со Феникс Санс кон крајот на октомври, вели дека ќе го облече дресот на Голден Стејт Вориорс до крајот на тековнава сезона во НБА лигата.

Членот на вице-шампионот кој мораше да оди на операција верува дека брзо ќе се врати во ритам и дека ќе му помогне на тимот.

„Дефинитивно очекувам да играм. Не знам кога, се зависи од процесот на рехабилитација. Никогаш  не сум имал таква тешка повреда. Мислам дека сезоната не е завршена за мене“ – потенцираше играчот на Голден Стејт  кој во декември го очекува уште една операција.

Share.

Leave A Reply