Игуаин е најбрз двоен стрелец во Лигата на шампионите

0

Напаѓачот на Јувентус Гонзало Игуаин ги постигна најбрзите два гола од еден фудбалер во историјата на Лигата на шампионите.

Аргентинецот го отвори резултатот во осминафиналето со Тотенхем во 2-та минута, а во 9-та зголеми на 2:0. Помеѓу двата гола имаше точно 8 минути и 7 секунди, пресметаа статистичарите. Претходното најдоброто достигнување беше дело на поранешниот напаѓач на Интер Хулио Круз, кој постигна два гола во рок од 8 минути и 30 секунди против Спартак (Москва) во сезоната 2006/07.

Иако имаше идеален почеток, Игуаин не може да биде особено задоволен од себе, бидејќи во текот на натпреварот односно во финишот на првиот дел пропушти да реализира пенал, а не успеа да реализира уште неколку чисти шанси, а Јувентус не успеа да ја задржи предноста и да победи, па натпреварот заврши 2:2.

Share.

Leave A Reply