Игуаин поднесе барање за трансфер во Челзи

0

Гонзало Игуаин и официјално поднесе барање за трансфер во Челзи, објави „Скај Спорт Италија“. Аргентинскиот стрелец е во сопственост на Јувентус, но годинава настапува како позајмен во Милан. „Росонерите“ имаат можност да го искористат своето право и да го купат играчот на крајот на сезоната за 36 милиони евра, но сега Игуаин не сака да остане во Милано.

Челзи му понуди на Јуве да го вклучи во зделката Алваро Мората, кој има две сезони поминати во Италија кај “црно-белите”, но торинци одбија. Преговорите се очекува да продолжат, а Милан, најверојатно, ќе биде подготвен да се раздели со него.

Share.

Leave A Reply