По откажувањето на Чешка, со соопштение попладнево се огласи и ИХФ. Во истото се вели:
„Како резултат на неколку позитивни резултати по задолжителните тестови за Ковид-19 пред заминувањето во Египет, Чешка официјално го повлече учеството на 27-то Светско првенство за мажи што ќе се одржи од 13 до 31 јануари 2021 година во Египет.
Според регулативите поврзани со Ковид-19 за Светското првенство за мажи во 2021 година првата нација како замена е Македонија, која е поканета да учествува.
Македонија е номинирана за прва нација како замена поради 15-тото место на ЕХФ ЕУРО 2020 во машка конкуренција.