Илиевски е нов тренер на Охрид

0

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид има ново тренерско име. Како што објавија од клубот, охриѓани новата сезона ќе ја почнат со Марјан Илиевски на кормилото на тимот.

Тој го презеде кормилото по заминувањето на Петар Чочоровски кој четири сезони го предводеше охридскиот состав.

Илиевски во Охрид доаѓа од тимот на Блокотехна со кој успеа да победи во БИБЛ лигата и да се пласира во финалето во Купот на Македонија.

Share.

Leave A Reply