Илиќ го облече дресот на Барса

0

Ракометарот од Србија, Немања Илиќ, од денеска ќе го носи дресот на Барселона. Тој доаѓа во Шпанија  како замена за данскиот репрезентативец, Каспер Мортенсен, кој заработи сериозна повреда на Светското првенство.

„Не се плашам од предизвикот. Ќе дадам сè од себе за да ја оправдам пружената доверба“ – рече Илиќ на промоцијата.

28-годишниот играч доаѓа кај Каталонците на шестмесечна позајмица од францускиот Тулуз. Неговото деби се очекува в сабота во Лигата на шампионите против Веспрем .

Share.

Leave A Reply