Индијан Велс без Цонга и Гаске

0

Французите Жо-Вилфред Цонга и Ришар Гаске нема да учествуваат на турнирот од “Мастерс-1000” серијата во Индијан Велс , кој ќе стартва на 6 март. Двајцата тенисери имаат проблеми со колената.

Претходно стана јасно дека од истата причина швајцарскиот тенисер Стен Вавринка се повлекол од натпреварувањето. Стен е 12-ти светски рекет, Жо-Вилфред е рангиран на 36-то место, додека Гаске е на 37. позиција на АТП листата.

Share.

Leave A Reply