Инфантино останува претседател на ФИФА без разлика на истрагата врз него

0

Џани Инфатино ќе остане претседател на ФИФА и додека против него се води кривична истрага, изјавија од седиштето на Светската куќа на фудбалот за „Асошиејтед прес“.

Швајцарскиот специјален обвинител во четвртокот започна кривична истрага за Инфантино во врска со неговите состаноци со главниот обвинител на земјата, кој ја истражува корупцијата во фудбалот. Етичкиот комитет на ФИФА се соочи со повици да го суспендира Инфантино.

„Претседателот на ФИФА е предмет на кривична истрага од швајцарското судство, но тој не е обвинет или прогласен за виновен. ФИФА и нејзиниот претседател ќе продолжат да соработуваат со швајцарското судство сè додека не бидат завршени овие истраги“, се вели во соопштението на ФИФА.

Инфантино беше избран за претседател по истрагите за корупција во ФИФА во 2015 година.

Share.

Leave A Reply