Напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс, би можел да се појави на саботниот натпревар против Арсенал во рамките на четвртото коло од ФА купот откако ги пропушти последните два меча поради позитивниот тест за Ковид-19, изјави менаџерот Ралф Хазенхатл. 28-годишниот играч беше позитивен на корона-вирус откако на 4 јануари го одигра мечот со Ливерпул во Премиер-лигата.
„ Дени е опција за викендот, тој се врати и го надмина коронавирусот. Ингс е значаен за нашата игра и ќе се обидеме да му дадеме можности“ – вели тренерот на Саутемптон.
Ингс во тековнава сезона постигна 7 голови на 13 одиграни средби. Неговиот договор е валиден до јуни во 2022 година.