Легендата на Барселона, Андрес Иниеста верува дека каталонскиот клуб мора во најскоро време да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Серхио Бускетс .
„Барселона ќе направи голема грешка ако дозволи Бускетс да замине. Јас мислам дека ова нема да се случи, бидејќи тој е многу важен за тимот и ќе помине многу повеќе години на највисоко ниво играјќи за својот клуб“, изјавил Иниеста во интервју за ESPN.
Бускетс побара од раководството на Барселона да го исполни условот за продолжување на договорот со подобрени услови.