Иниеста: Кутињо има голем талент

0

Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста, беше запрашан дали се чувствува загрозен со доаѓањето на Кутињо и дали ангажманот на Бразилецот  значи најава за негово пензионирање.

„Секогаш сум говорел дека во Барселона треба да играат најдобрите. Кутињо има талент и доаѓа за да продолжи да напредува. На мои 33 години не гледам кој би можел да ме пензионира и да ме избрка од клубот“ вели Иниеста.

„Мене воопшто не ми пречи што Кутињо дојде тука, тој сега е мој соиграч и најзначајно е што го засилува тимот. Тренерот ќе одлучи кој ќе игра, јас се чувствувам добро и многу задоволно“ потенцирал капитенот на Барселона.

 

 

Share.

Leave A Reply