Интер ќе биде без Матео Политано околу еден месец откако играчот на Интер го повреди зглобот. Политано се повреди за време на натпреварот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Клубот соопшти дека ќе биде надвор од теренот неколку недели. 26-годишниот Политано нема да му биде на располагање и на селекторот Роберто Манчини за претстојните натпревари на италијанската репрезентација, која веќе обезбеди пласман на Европското првенство следната година.
Исто така, се очекува тој да ги пропушти натпреварите на Интер против Верона, Торино и Спал, како и решавачкиот натпревар против Славија (Прага) во Лигата на шампионите.
Антонио Конте се надева дека тој ќе биде повторно во составот за средбата на 6 декември против Рома. Тренерот на Интер неодамна се пожали дека нема доволно трансфери направени во текот на летото, а неговите опции за напад сега се уште поограничени. Тој го загуби Алексис Санчез на неколку месеци, а сега и Политано.