Интер го продолжи договорот со Шкрињар

0

Интер објави една добра вест за своите навивачи. Одбрандбениот фудбалер Милан Шкрињар потпиша нов договор со клубот, кој ќе го обврзе да остане во дресот на „нероазурите“до летото 2023 година.

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа заинтересирани за овој одбрандбен играч. Шкрињар е играч на Интер од 2017 година, кога се пресели во италијанскиот гигант со трансфер од Сампдорија.

Неговата прва сезона во тимот од Милано беше повеќе од импресивна. Во таа сезона играше 38 натпревари без да пропушти една минута.

Share.

Leave A Reply