Интер го сака Гундоган, но ќе мора да плати 30 милиони евра

0

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, може да го напушти клубот во текот на летото.

Според  „Тутоспорт“, Интер ќе се обиде да го привлече 28-годишен Германски интернационалец.
Менаџер на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека Гундоган не сакал да го обнови договорот со „граѓаните”. Англискиот шампион е подготвен да го продаде играчот за 30 милиони евра.

Гундоган е во „Сити“ од 2016 година. Како дел од овој клуб, тој го освои англиското првенство, англискиот лига куп (два пати) и Супер купот. Во сегашната сезона Гундоган играше 43 натпревари, постигна 5 гола и на тоа додаде 3 асистенции.

Share.

Leave A Reply