Интер го зема Рафиња на позајмица

0

Бразилскиот фудбалер Рафиња ќе ја напушти Барселона и како позајмен играчќе ја продолжи кариерата во Интер, објавија медиумите во Шпанија.

Бидејќи „нероаѕурите“ сега не можат да купуваат играчи поради финансискиот фер-плеј, Каталонците по долгите преговори се согласиле да го пуштат Рафиња но, со посебна клаузула дека калчо-лигашот на крајот на сезоната ќе мора да плати 35 милиони евра доколку сака да ги откупи правата на Бразилецот.

Токму искусниот играч кој дејствува на средината на теренот се наоѓаше на врвот на листата со желби на тренерот, Лучијано Спалети.

Share.

Leave A Reply