Интер ќе даде понуда за Обамејанг

0

Раководството на Интер размислува да даде понуда за голгетерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, пренесува „Газета дело Спорт“.

Тренерот на Интер, Антонио Конте лично инсистира за привлекување на 30-годишниот репрезентативец на Габон. Барселона и Манчестер Јунајтед се останатите клубови кои за заинтересирани за Обамејанг. Неговата желба е да го облече дресот на Барселона.

Обамејанг има договор со Арсенал до летото 2021 година. Двете страни не се во состојба да се договорат за неговото продолжување и се чини дека напаѓачот нема намера да остане во Северен Лондон. Оваа сезона Обамејанг има постигнато 17 гола на 26 натапревари. Неговиот учинок оваа сезона е 3 гола на 6 натпревари во Лигата на Европа.

Share.

Leave A Reply