Интер ќе оди по Агуеро доколку си замине Лаутаро Мартинез

0

Интер ја разгледува можноста напаѓачот на Манчестер Сити и Аргентина , Серхио Кун Агуеро да го замени неговиот сонардник Лаутаро Мартинез во нападот на нивната екипа.

Истиот извор тврди дека, Аргентинецот може да го напушти тимот на „граѓаните“ поради исклучувањето на клубот од европските купови на период од две години. Во истата информација се вели дека во случај Лаутаро да се пресели во Барселона, раководството на Интер ќе се обиде да го добие Агуеро. Серхио Агуеро дојде во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид во 2011 година.

Оваа сезона Агуеро одигра 30 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања, постигна 23 голова и 3 асистенции. Договорот на играчот со англискиот клуб важи до 30 јуни 2021 година.

Share.

Leave A Reply