Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, вели дека нервозата ги запрела неговите фудбалери да обезбедат победа против ПСВ и да го продолжат патот во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите.
„Нероаѕурите“ одиграа на домашен терен само 1:1 со холандскиот тим и на крајот го освоија третото место во групата. Во вториот меч, Барселона и Тотенхем ремизираа 1:1, што беше доволно двата тима да останат во најсилната конкуренција во Европа.
„Бевме нервозни, не успеавме да останеме мирни. Рано примивме гол и тоа внесе дополнителна нервоза. Имавме шанси, Мауро Икарди израмни а потоа можевме да стигнеме до триумф. Тим како Интер мора да има ментална сила да се справи со таквите ситуации“ – изјави Спалети.