Интер почна преговори за потписот на Ракитиќ

0

По сигурниот трансфер на Диего Годин по крајот на сезоната, Интер подготвува уште една сериозна зделка со која значително ќе ги засили своите редови.

Раководството на „нероазурите” преставувано од Џузепе Марота и Пиеро Аузилио започна преговори со Барселона за потписот на хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ. Веста беше објавено на насловната страница на „Газета дело Спорт“, а изданието додава дека Интер веќе им понудил 35 милиони евра на каталонците.

Барса одговори дека се подготвени да се разделат од нејзиниот играч за 45 милиони евра, но сигналите за трансферот на Ракитиќ во Интер се прилично позитивни. Хрватскиот фудбалер има договор со Барселона кој истекува летото 2021 година, а неговата годишна плата изнесува 5,5 милиони евра. Од Интер се подготвени да му понудат тригодишен договор на Ракитиќ.

Share.

Leave A Reply