Најновите вести од Италија тврдат дека Интер, наводно, се согласил да и плати на Аталанта 35 милиони евра за шведскиот интернационалец со македонски корени, Дејан Кулушевски.
Кулушевски е профил на играч кој му треба да Антонио Конте и затоа тренерот на миланезите инсистира д аго добие во тимот оваа зима. Трансферот би можел да се реализира во јануари, како што впрочем и бара Конте, но тоа би можело да биде комплицирано само поради тоа што тој е на позајмица во Парма.
„Кориере дела Сера“ пренесува дека „нероаѕурите“ дошле на договор со Аталанта, а 19-годишниот фудбалер не би имал против веќе од првите денови на новата 2020 година да се пресели во Милано.