Интер се вклучува во трка по Обамејанг

0

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг се најде на списокот на желби кај италијанскиот тим Интер. Оваа информација денес беше објавена од медиумите во Италија, а веднаш ја пренесоа и оние на Островот.

Италијанскиот клуб се приклучи во борбата за напаѓачот од Габон, кој тврди дека Реал и Барселона се интересираат за него. И покрај трансферот на Ромелу Лукаку минатото лето, Интер бара друг напаѓач, бидејќи многу европски клубови сакаат да го ангажираат нивниот напаѓач Лаутаро Мартинез. Според истиот извор, тренерот на Интер, Антонио Конте е лично заинтересиран за Обамејанг.

Пјер-Емерик Обамејанг учествуваше на 14 натпревари од англиската Премиер лига оваа сезона. Напаѓачот од Габон постигна 10 гола и имаше една асистенција. Арсенал го зазема осмото место во шампионатот на Англија, има освоено 19 бода од одиграни 14 кола.

Share.

Leave A Reply