Интересен податок за стартниот состав на Атлетико Мадрид

0

Секој од играчите во стартниот состав на Атлетико Мадрид во натпреварот со Јувентус вчера има барем 5 години стаж во тимот на „јорганџиите“, покажува оваа интересна статистика.

Најмногу години во Атлетико има Коке (19), а по него се наоѓа еден друг играч – Саул Нигес (11). По 9 години во клубот имаат тројца фудбалери – напаѓачот Диего Коста, десниот бек Хуанфран и Уругвајскиот централен дефанзивец Диего Годин. Филипе Луис и домашниот играч од средниот ред Томас се осум години во клубот.

Други двајца од стартерите вчера – Родри и Уругвајскиот централен дефанзивец Хозе Хименес имаат по 6 години во тимот, иако Родри е тинејџер на тимот и меѓу 2007 и 2013 беше во школата на Атлетико, а во првиот тим заиграва од летото во 2018 година, по неколку сезони во Виљареал. Двајца од најважните играчи на Атлетико Мадрид – францускиот напаѓач Антоан Гризман и словенечкиот голман Јан Облак, имаат поминато најмалку време во клубот од стартерите на вчерапниот меч – по 5 години. Самиот тренер, Диего Симеоне, го презеде Атлетико Мадрид во 2011 година.

Атлетико го победи Јувентус со 2:0 во „Ванда Метрополитано“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Голови ги постигнаа на крајот од натпреварот Хозе Хименез и Диего Годин.

Share.

Leave A Reply